РЦУК: Преминот на пругата во Лопате е небезбеден

Преминот на железничката пруга кај селото Лопате е небезбеден и постои голема веројатност од несакани последици, стои во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.

-Имаме сознание и информации дека преминот на железничката пруга во село Лопате, Општина Куманово, на потегот Куманово -Скопје не е обезбеден со средства за запирање на патниот сообраќај за патниците кои патуваат со моторни возила на релацијата село Лопате кон Куманово и обратно, стои во дневниот билтен.

Како што е посочено возовите минуваат по пругата, но рампата и другите средства за светлосна сигнализација не работат.

Коментари

коментар(и)