Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска привеле 35-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект го нарушил јавниот ред и мир и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.