Кумановки го добија дербито против Металург

Екипата на ЖРК Куманово сигурно чекори кон нова титула во женската ракометна Суперлига на Македонија, откако на денешното големо дерби со ЖРК Металург преку пресврт извојува голема победа од 24-21 и се зацврсти на лидерската позиција на табелата.

Дербито на македонската Женска лига во целост ги оправда очекувањата кај ракометната јавност, затоа што две од трите најквалитетни екипи во лигата одиграа возбудлив и борбен натпревар, крунисан со многу пресврти и заслужена победа на домашните ракометарки.

Најпрецизна на натпреварот беше Кипријановска со осум гола, а кај ЖРК Куманово одлични беа уште Боризовска и Џамкиќ со по четири гола, додека во редовите на ЖРК Металург се истакна Арсениевска со шест гола.

Коментари

коментар(и)