Куманово домаќин на Мали олимписки игри

Најмасовната спортска манифестација во државата, која традиционално се реализира во образовниот систем  позната како мали олимписки игри  оваа година ќе се одржи утре. 

Организатор на овие игри е федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот на училишен спорт на Куманово, под покровителство на Министерство за образование и наука, Агенција за млади и спорт , Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општина Куманово.

Во овие игри ќе настапуваат најдобрите квалификувани спортски екипи од сите општини во државата во повеќе спортови со бројка од 800 – 1000 ученици.

Коментари

коментар(и)