„Куманово план” потпиша договори за соработка

Во просториите на Општина Куманово, денеска јавното претпријатие „Куманово план”  потпиша Договори за соработка со Архитектонскиот, Градежниот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”-Скопје. Со овие договори , како што посочија надлежните се овозможува продлабочување на соработката во областа на архитектурата, градежништвото , урбанизамот и заштитата на културното наследство.

Градоначалникот Максим Димитриевски потенцираше дека целта е да се искористи знаењето и искуството на научната фела, а особено делот и ангажманот на студентите во ангажманот на јавното претпријатие „Куманово план “.

– Меморандумот ќе се темели на заемната соработка во делот на размена на искуства во секојдневното работење на институциите и јавното претпријатие, изјави Максим Димитриевски.

– До крајот на 2020та да имаме многу активности кои се потребни и на општинските институции на локалната самоуправа и граѓаните на Куманово,изјави Горан Митевски, директор на ЈП „Куманово план“

Раководствата на институциите посочија дека со задоволство ја прифатиле иницијативата за соработка со Општина Куманово нагласувајќи дека Архитектонскиот факултет веќе има активна соработка со локалната самоуправа. Целта според научната фела од областа на градежништвото, архитектурата и земјотресното инженерство е да овозможат Куманово да се развие на вистински начин.

-Присуството на деканите и директорите од најреномираните институции од државата во областа на архитектурата и градежништвото, фактички ја потврдуваат нашата заинтересираност, знаењата, искуствата и праксата коишто ние ги имаме да ги споделиме со единиците на локална самоуправа, изјави д-р Огнен Марина, декан на Архитектонски факултет

Планската програма за Генералниот урбанистички план допрва ќе се изработува , што значи дека и соработката со институциите допрва ќе биде интензивирана, велат од „Куманово план“.

Коментари

коментар(и)