Кумановскиот театар ќе се реконструира во неколку фази

Како што информираа од Министерството за култура, јавната набавка за реконструкција на кумановскиот театар ќе се распише во првото тромесечје од оваа година.

Реконструкцијата на зградата на театарот е опфатена во Годишната програма за инвестиции во културата за 2021 година и истата содржи проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и националните установи од областа на културата што се носители на активностите.

Надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев”, под чии ингеренции е театарот, претходно информираа дека проектот е веќе завршен и дека тендерот ќе го објави Министерството.

Во ноември, лани, од централната културна институција во градот, информираа дека е подготвен проектот кој ги вклучува сите фази и тоа: архитектура, термодинамика, електрика, статика, водовод. Тогаш, потенцираа дека Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, подготвил и студија за реконструкција и адаптација на објектот, бидејќи станува збор за постар објект.

Со години наназад зградата на кумановскиот театар е во состојба скоро и очајна за достоинствена изведба на сценските дела, а сепак пркосеше на времето и условите и не се откажа од своите замислени проекти. Поради фактот што театрот ни е сместен помеѓу две училишни згради, архитектите предложиле санацијата најпрвин да отпочне од темелите, гледаалиштето и сцената за да се движи кон покривната конструкција.

Коментари

коментар(и)