Кумановци ги интересира археологијата

Кумановци синоќа имаа можност во зградата на поранешен Комитет, да го следат предавањето на познатиот археолог од Хрватска, Драго Обрадовиќ на тема Сензационални откритија кои го возбудија светот.

Истражувачот на археолошки локалитети на првата вечер, го сподели своето искуство од патувањата во Египет, додека вечерва и утре ќе зборува за Израел, Кумран и многу други места од Блискиот исток.

Присутените се запознаа и со сликите и сознанијата на Обрадовиќ, кој се смета за меѓународен патник и истражувач на археолошки локалитети. Истиот поминал три децении во археолошки и научни експедиции во Египет, Израел Јордан Либан Сирија, Турција и Грција.

Предавањата се одвиваат во два термини, односно од 18 и 19 часот и 30 минути. Организаторите истакнаа дека присутните имаат можност да добијат брошура насловена Археологијата ископување на минатото, која содржи бројни нови истражувања и интересни факти за исчезнатата цивилизација.

Исто така можат да се запознаат и со последните две книги на професорот Обрадовиќ, Археологијата ја потврдува библијата и Археологијата и библијата.

Настанот го организира граѓанското здружение Поглед кон вистината

 

 

Коментари

коментар(и)