Секторот за внатрешни работи информира дека ноќва полициски службеници лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 19 години бидејќи се сомничат дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ со остар предмет оштетиле паркирано патничко моторно возило, сопственост на 28-годишен жител на село Долно Којнаре.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, соопштија надлежните.
Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека на 24.11.2025 година во 23:10 часот во полицијата 18-годишна девојка пријавила дека на улицата „Браќа Миладинови“ во Куманово била допирана по телото од страна на машко лице.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
