„Лето во кое те нема“ на Театар Куманово

„Лето во кое те нема“ е претставата на Театар Куманово која премиерно ќе биде прикажана на 21 септември, годинава, информираа од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Претставата „Лето во кое те нема“ е правена според истоимениот роман на Петар Андоновски, а во режија на Драгана Гунин.

„Лето во кое те нема“ е претстава за љубовта, за пријателството, но и празнината што ги оставаат љубовта и пријателството. Бојан, Владо и Иван не се само обични пријатели, нивното пријателство се развива во љубовна тројка се до мигот кога Иван ќе одлучи да ги напушти. По неговото заминување Бојан и Владо се соочуваат со празнина која се одразува и на нивниот однос. Во претставата играат актерите Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.

За романот „Летото во кое те нема“ Петар Андоновски ја доби наградата „ПЕН преводи“ кој ја доделува англискиот ПЕН центар.

Коментари

коментар(и)