На петтиот ден од Младинската Олимпијада (ЕМОФ Скопје) во двете спортски сали во Куманово, денеска ќе се одиграат уште осум кошаркарски натпревари.
Два од натпреварите се на македонските младински репзентации, машка и женска, и двата против тимовите на Словенија. Станува збор за полуфинални натпревари од олимписките игри.
Распоредот на денешните натпревари е следниот:
Машки репрезентации (локација Спортсака сала Куманово)
11:30 часот – Латвија : Израел
13:45 часот – Словенија : Македонија
16:00 часот – Турција – Србија
18:15 часот – Литванија : Франција
Женски репрезентации (локација СОУ „Перо Наков“)
11:30 часот – Финска : Унгарија
13:45 часот – Словенија : Македонија
16:00 часот – Германија – Франција
18:15 часот – Шпанија : Белгија
Влезот за сите заинтересирани кои ќе сакаат да ги проследат натпреварите ќе биде бесплатен.
Натпреварите завршуваат утре (сабота) кога ќе бидат познати и медалистите.
Преземено од Кумановски муабети