Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница избра донесе одлука во општина Куманово да ја поддржи кандидатурата на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски за претстојните локални избори. Освен во Куманово, ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи и кандидатот предложен од коалицискиот партнер ЗНАМ во општина Центар.
-Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, изјави генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски по седницата на Извршниот комитет.
Градоначалникот Димитриевски во понеделникот, на почетокот на новата учебна година во село Умин Дол кажа дека до крајот на неделава ќе се знае дали ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.