Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишини од слобода 10 возачи, од кои по еден во Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци и битолско затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Куманово претходно со мотоцикл учествувал и во сообраќајна незгода и од него е одземен мотоциклот, а на другите возачи се одземени патничките возила. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.