Во Седиштето на Фронтекс во Варшава, Полска, вчера висока делегација од Министерството за внатрешни работи, во име на министерот Панче Тошковски, присуствуваше на официјална церемонија на Потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Македонија и Фронтекс (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража) за механизмите за жалби во врска со активностите кои ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија врз основа на Договорот меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија.
Со потпишувањето на овој Меморандум за разбирање се потврдува добрата волја за продлабочување на воспоставената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Фронтекс.
Целта и опсегот на овој Меморандум за разбирање е да се обезбеди соработка помеѓу двата постоечки механизми за жалби во рамките на нивните надлежности за размена на информации поврзани со наводите за повреда на основните права за време на сите оперативни активности на Фронтекс на територијата на Македонија.
МВР: Потпишување на Меморандум за разбирање со Фронтекс
