МВР: Угостителите ги почитуваат мерките на Владата

Полициски службеници на Секторите за внатрешни работи во Куманово Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат  вчера попладне спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.

Кумановските полициски службеници на територијата на Општина Куманово спроведоа контроли во 40 угостителски објекти, а полицајци од СВР Охрид на територијата на Општина Струга контролирале вкупно 23 угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувалници и на територијата на Општина Кичево спроведоа контроли на 60 угостителски објекти, 8 казина и 12 обложувалници.

Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата, соопштија надлежните.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите отстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на Владата, а кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.

Коментари

коментар(и)