Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиот викенд на патиштата низ земјава, од вкупно 1336 издадени платни налози дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено, 121 возач управувал под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 106 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.