МВР: 205 возачи казнети за брзо возење

По спроведена акциска контрола во текот на вчерашниот ден на територијата на државата казнети се 205 возачи кои побрзо од дозволеното, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, од вкупниот број на санкции, 11 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)