По повод Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, 3 Декември, викендов во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ се одржа меѓународен турнир во Пара пинг понг, во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово.
Спортската манифестација ја отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, посакувајќи им успешен настап на учесниците од Македонија, Србија, , Црна Гора, Бугарија и Босна и Херцеговина. На турнирот учество зедоа 19 натпреварувачи поделени во три категории. На присутните им се обрати и претседателот на ОСС Куманово, Филип Колевски.
Медалите, дипломите и победничките пехари на најуспешните учесници им ги врачи претседателот на КСРИ Куманово, Страшко Коцевски.
Настанот е организиран со поддршка на Општинскиот сојуз на спортови Куманово – ОССК, Националната федерација „Спорт за сите”, Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и Министерството за спорт.
Резултати:
Класа 6-7
1. Милан Миќовиќ Србија
2. Едиб Шахман Босна и Херцеговина
3. Пјетро Паљушевиќ Црна Гора
3. Милан Антиќ Србија
Класа 8
1. Јордан Митев Бугарија
2. Тони Митровски Македонија
3. Андреј Насковски Македонија
3. Фикрет Смајловиќ Босна и Херцеговина
Класа 9-10
1. Дејан Башановиќ Црна Гора
2. Касим Цериќ Босна и Херцеговина
3. Небојша Ташиќ Македонија
3. Митко Сотироски Македонија