Екипите на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирале во два одделни случаи, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според РЦУК, првата интервенција била во кумановското село Четирце каде што пожарникaрите гаселе опожарена куќа, а во вториот случај станува збор за техничка интервенција на булеварот „Октомвриска револуција“, односно пожарникарите биле повикани да отворат врата од автомобил во кој имало човек.