Министерот Спасовски на средба со иселениците во Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и  градоначалникот на Копер, Словенија, Алеш Бржан, остварија средба со македонски иселеници на која разговарале за актуелните теми кои нив ги засегаат. Како што изјави Спасовски,  меѓу другото, разговарале за одлуката на Владата со која на граѓаните на кои им е истечена патната исправа, или истекува по 31 јули, се продолжува рокот на важење на овие документи до 31 декември 2021 година. Целта е да им се излезе во пресрет на потребите на нашите граѓани кои поради пандемијата беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.

Коментари

коментар(и)