Сопственик на авто сервис добил закани од клиенти

Триесет и деветгодишен битолчанец вчера во полицијата во Куманово, пријавил дека бил измамен од 53-годишен кумановец, кој како сопственик на авто сервис, на 16-ти мај, по исплатен капар и договорена сума се согласил да му изврши услуга на возилото.

Според пријавеното, на 23-ти мај лицето го донело своето возило во Куманово за извршување на договорената услуга, но и покрај ветувањата од сопственикот, возилото го затекнал во првобитната состојба, а сопственикот на авто сервисот го известил дека одбива да ја заврши договорената работа.

Во врска со случајот, сопственикот пријавил дека две лица од Битола, му упатувале закани. Според пријавеното, тој се договорил со нив за одредена сума да им сервисира возило и од нив земал капар, но моделот на возилото не соодветствувал на моделот за кој биле договорени, а со тоа ни договорената сума за услугата, па откако ги известили  лицата почнале да му се закануваат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Коментари

коментар(и)