(ВИДЕО) Михајловски: Куманово да биде бастион на кумановци

„Само кумановци имаат неповторлива шанса и привилегија да поразат двајца кандидати за градоначалници на СДСМ“ , рече претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на синоќешното отворање на граѓанскиот штаб на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, во зградата на поранешен Палас. Кандидадот за градоначалник на Куманово на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски и носителката на кандидатската листа на советници, Елена Доцевска Божиновска ги повикаа кумановци заедно со нив наново да го градат Куманово.

-Ве повикувам сите, распадот на овој хибриден режим започна од Куманово, ајде распадот на овој режим да финишира во Куманово на 17-ти октомври со победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „ За обнова на Македонија“, советничка листа, носител Елена Доцевска Божиновска и кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Тони Михајловски,рече Бране Петрушевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово

-Честа е огромна, но и обврската е огромна и никако не е привилегија. тоа го кажав многупати од самиот старт до конечната победа и реализација на програмата наредните четири години. Тони Михајловски ќе биде идниот градоначалник, а ние наново со него ќе го градиме Куманово, изјави Елена Доцевска Божиновска, носител на листа на советници

-Победата се добива, не се заслужува односно ајде сите заедно да ја заслужиме победата, рече Иван Стоиљковиќ, претседател на Демократска партија на Србите во Македонија

„Куманово веќе никогаш да не биде бастион на ниту една политичка партија. Куманово да биде бастион на среќни луѓе, на богати граѓани, на убави и широки улици, на зелени паркови, Куманово да биде бастион на кумановци“, порача синоќа, кандидатот за градоначалник Тони Михајловски.

-Велат борбата ќе била тешка. Да беше лесна јас немаше да ја прифатам, затоа што ние сме кумановци. Таа победа ќе биде многу убава победа, ќе донесе убавина за Куманово и за сите кумановци. Тоа ќе биде победа што ќе означи крај на сите притисоци во Куманово, крај на делење по партиска книшка. Со победа на ВМРО-ДПМНЕ градот ќе биде слободен. Куманово веќе никогаш да не биде бастион на ниту една политичка партија. Куманово да биде бастион на среќни луѓе, на богати луѓе, на убави и широки улици, на зелени паркови, Куманово да биде бастион на кумановци. Ќе бидам од оние градоначалници што ќе гледа да биде заштитник на кумановци и Куманово. Градоначалник не треба да биде до толку политичар, туку треба да ги брани своите граѓани и да се бори за подобар живот на граѓаните, рече Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Куманово.

-Поразот на овие двајца кандидати на СДСМ овде во Куманово е победа на Македонија. Тука ВМРО -ДПМНЕ заедно со кумановци, со Демократската партија на Србите, заедно со ГРОМ, со Социјалистичката партија, со целата наша коалиција ќе го браниме Куманово овде на 17-ти октомври и ќе победиме заедно. Секој оној кој мисли да го даде својот глас за оној кој што не нарекуваше небањати, смрдливи вмровци, тој ни боде нож директно во срцето, во срцето на Куманово и директно во срцето на Македонија. Затоа изборот е јасен на 17-ти октомври Тони Михајловски за градоначалник на Куманово, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски ги повика кумановци заедно, сплотени, обединети да излезат на изборите на 17-ти октомври и да ги поразат двајцата кандидати, кои што според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нанеле зло на кумановци и на другите граѓани.

Коментари

коментар(и)