Мртов маж пронајден во поранешно стрелиште

Безживотно тело на повозрасен, непознат маж, денеска околу 14 часот е пронајдено во близина на надвозникот на мостот на улицата „Доне Божинов“, односно во разурнатата зграда на поранешно стрелиште, кај Спомен Костурница.

Мртвото тело го пронашле момчиња од населбата Средорек, кои веднаш пријавиле во полиција. Според очевидците се работи за лице на околу 60 годишна возраст, кое било облечено во работничка јакна, без обувки на нозете и со засукани ногавици. 

Увид на местото на настанот изврши јавен обвинител, увидна екипа на полицијата и лице од судска медицина. Од обвинителството истакнаа дека на телото нема траги на насилство и затоа нема основа за подигање на кривично дело. Се работи на утврдување на идентитетот на починатиот.

Коментари

коментар(и)