Наместо справување со последици- превенција од поплави

 Североисточниот регион  иако беше зафатен од поголеми електромагнетни празнења  кои што во одредени делови донесоа слаби врнежи од дожд сепак не предизвикаа пореметувања на нивото на водите во реките односно  не дојде до излевање на речните корита, велат надлежните од Центарот за управување со кризи после вчерашните поројни дождови низ државава .

-Иако е потребно дождот е секогаш потребен после долгиот период на сушата особено во земјоделието како една од агромерките мегутоа сепак од разговорите што утринава ги направив со посета на дел од општините во североисточниот регион конкретно липковскиот регион не се задоволни мештаните од  самите врнежи затоа што не можат кознае колку да направат во делот на понатамошните текови во земјоделието во производство на раноградинарските култури така што овие дождови не се кознае колку големи за да предизвикаат некакви поголеми штети, изјави Горан Стојановски, раководител на Центар за управување со кризи

Наместо локалните самоуправи да преземаат мерки за справување со последиците од евентуалните поплави, тие треба да превенираат во делот на речните корита, на каналите, на хидро-мелиоративниот систем за да не дојде до ваквите појави . Во изминатите десетина години колку што постои Центарот за управување со кризи имало стотици поплави во Североисточниот регион, а  проблемите секогаш се исти , вели раководителот Горан Стојановски.

– Значи ќе мора во континуитет  да работите, да работите не во периодот кога ги имате настаните кога има поплава туку во период кога за тоа временските прилики ќе ви дозволат. Сето тоа чини финансиски средства поголеми средства затоа што речните корита не се еднаш засекогаш дадени, тие во рамките на периодот од постоењето до сега меандрирале многу пати , па меандрираат и ден денска значи се пренасочуват и секогаш има проблеми во тој дел во смисла на тоа што доколку вие сте ги исцрпеле, затоа и велиме превенција, ако сте ги механички продлабочувале, бедемските ѕидови сте ги правеле повисоки тогаш и при доаѓање на поројни дождови нема да предизвикаат излевање и проблеми и во делот на материјално техничките средства и во колективните објекти за живот и станување и во делот на материјалните добра , земјоделието, аграрот, нема да предизвикаат штети, но ако вие не превенирате, а ги оставите така со работ на времето работите да се движат во линија по која што се движат а верувам дека и во тетово е така во тој случај ќе имате огромни проблеми, изјави Стојановски.

Кризните штабови ги определуваат критичните точки каде треба да се дејствува, но тоа треба да се прави кога нивото на реките е намалено, а не во зимниот период. Целта е отпадот, градежниот шут и сето она што се наоѓа во реките навреме да се дислоцира и да се обезбеди слободно движење на водата,  велат надлежните. Општините од Североисточниот регион немаат доволно капацитет, ниту финансиски средства да превенираат.

– Во тој случај Владата донесе соодветно решение донесе акциони планови кои постојат од 2007-та па наваму секоја година се спроведуваат тоа се акциони планови за чистење на реки и речни корита и тука се помага се она што е во рамки на државните резерви нафта или горива и мазут за градежните машини кои што чистат реки и речни корита и на тој начин се врши компензирање на финансиски средства за да може во овој период да се врши локално дејствување во делот во смисла на превенирање заради понатамошниот период да не се случат овие настани, изјави Стоајновски.

Од 10-ти август локалната самоуправа ќе започне да го реализира сопствениот Акционен план за дејствување на речните корита на дел од Којнарка, Липковка и Кумановка. Водостопанство тоа ќе го прави после 20-ти август, а акционен план има и општината Липково за реката Слупчанка и дел од Липковка, информираат од Центарот.

 

Коментари

коментар(и)