Нападнат вработен на бензинска пумпа

Вработен на бензинска пумпа во Куманово пријавил дека додека бил на своето работно место, бил нападнат од две лица. Според пријавеното во СВР Куманово,  Д.А(28 години) и М.А (22 години) се однесувале агресивно и се обиделе физички да го нападнат. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира кумановската полиција.

Коментари

коментар(и)