Нападнат кумановец на работно место, пронајдена граната

СВР Куманово информира дека вчеравечер во 21.30 часот 24-годишен кумановец пријавил дека на работното место во фабрика во село Табановце, кумановско, бил физички нападнат од неговиот колега. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Исто така, од СВР Куманово информираат дека во село Лопате на осми март годинава,  била пронајдена граната најверојатно од Втората светска војна. Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)