Наскоро едношалтерски систем во ЈП „Водовод“

Во административната зграда на јавното претпријатие „Водовод“ ќе се отвори канцеларија за едношалтерски систем. Директорот Горан Стојковски информираше дека условите за новиот систем, кој што гарантира подигнување на квалитетот на услугите, се обезбедени со помош на швајцарската влада.  Тој вели дека граѓаните повеќе нема да мораат да шетаат низ целата зграда, тука од едно место ќе можат да ги добијат сите потребни документи или информирации, кои што се во нивна надлежност.

-Обезбедивме средства во износ од 900.000 денари со кои изградивме една просторија, во која се надеваме дека граѓаните ќе можат да ги завршат сите услуги кои што им се потребни од ЈП „Водовод“. Да платат сметка, пријават дефект, потпишат договор, укажат на некои проблеми, затоа што нас ни е потребен интерактивен однос со граѓаните за да видиме каде грешиме, односно каде ни е потребно подобрување-наведе тој.

Канцеларијата за едношалтерски систем веќе е изградена, а во моментов се поставува интернет мрежа. Директорот се надева дека на задоволство на нивните корисници, истата треба да се отвори на почетокот на септември.

 

 

Коментари

коментар(и)