Нови подови во Здравствениот дом

Во Здравствениот дом Куманово во тек е реновирање на подовите на третиот кат, каде што се сместени канцелариите на административната служба. Директорот Миомир Панковски истакна дека средствата за реновирањето се обезбедени од буџетот на здравствениот дом. Вкупната вредност изнесува 463.000 денари, а изведувач на работите е приватна фирма од Скопје.

-Се изведуваат градежни работи, всушност се работи за менување на подот, кој што е стар преку 40 години, од паркет кој што е дотраен и наместо него ставаме пластична фолија која што е хигиенски многу полесна за одржување а исто така и ходничкиот дел ќе биде поставен со нови керамички плочки-наведе тој.

Директорот смета дека со реконструкција на подот ќе се подобрат хигиенските услови, и ќе се намали појавата на различни инсекти. Инаку паралелно со ова се варосуваат и просториите.

-Во очекување сме на јапонската донација која што се состои во менување на прозорците, конкуриравме на тој конкурс, некаде до септември ќе бидеме резултати дали ќе има. Доколку добиеме и тоа тогаш ќе имаме комплетно реновирање на сите прозорци, на целиот здравствен дом-нагласи тој.

Панковски се надева дека по замена на прозорици, ќе можат со сопствени средства да ја реновираат и фасадата на зградата.

-Сметаме со наши средства наредната година да предвидиме во буџетот реновирање на фасадата, која е навистина многу стара, меѓутоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите, се надеваме дека ќе успееме и тоа да ја освежиме фасадата, која што многу години не е реновирана како што ја гледате во таа состојба-истакна тој.

Здравствениот дом се наоѓа во централното подрачје, па и за самиот град ќе значи многу доколку истата биде обновена, додава директорот Панковски.

Коментари

коментар(и)