Наташа Додевска со две награди за фризури

Сопственичката на фризерското студио „Нате“, Наташа Додевска од Куманово, викендов освои две награди на Меѓународен натпревар на фризери во Подгорица, Црна Гора, што го организираше Светската фризерска асоцијација ОМЗ.

На натпреварувањето учествувале 300 фризери од балканските земји, а Додевска  беше единствена учесничка од Македонија во женска категорија.

И пред еден месец, професионалниот фризер Наташа Додевска освои две награди, две втори места за изработка на невестинска фризура и фантазија – фризура на Меѓународниот саем на фризури во Скопје, во организиција на Македонската фризерска асоцијација.

Коментари

коментар(и)