Недела на франкофонија во гимназијата

Со повеќе активности гимназијата Гоце Делчев ја одбележува Неделата на франкофонијата од 18-ти до 22-ти март годинава. Денешната активност организирана во холот на гимназијата беше со цел да се покаже дека францускиот јазик е застапен на сите континенти, а воедно беа презентирани и неколку француски специјалитети.

– Денеска имаме презентација на франкофонија и штанд на француската храна и утре имаме како завршен дел од неделата задасување на дрво симболично пријателство меѓу нашата држава и Р.Франција. Денеска е денот кога го посветивме точно на франкофонијата, направивме соодветно пано за тоа за да покажеме дека на сите пет континенти францускиот јазик е застапен и секако разликата помеѓу македонската и француската кујна која е претставена на второто пано и на масата на која се наоѓаат некои од специјалитетите на француската кујна.

Професорката Благоевиќ смета дека на учениците од билингвалната паралелка во гимназијата Гоце Делчев им се отвора можност да го продолжат своето образоавние во Франција.

-Јас лично многу сум задоволна, децата покажуваат извонредни резултати, имаат интерес за изучување на јазикот што е многу значајно бидејќи изучувајќи го франсцускиот јазик им се отвораат повеќе можности. Во нашето училиште работи билингвалниот проект со кој нашите ученици од билингвалната паралелка имаат можност да го продолжат своето образование понатаму во Франција, изајви Розита Благоевиќ, професор по француски јазик

Деновиве беше организиран и квиз за франкофонија во кој учествуваа  учениците од прва година бидејќи по програмата франкофонијата се изучува во прва година, литературно читање од познати француски поети, а се одржа и работилница , информира Благоевиќ.

Инаку, франкофонијата е меѓу трите најголеми организации во светот, чии што земји соработуваат на културно поленаукатаекономијатаправдата и мирот.

Заедно со останатите организации како што е УНЕСКО, франкофонијата работи на развојот на лингвистиката и културата во ерата на глобализам. Франкофонијата во Македонија има долга традиција.

Коментари

коментар(и)