Нова училишна спортска сала во Черкези

Во „Јероним Де Рада“ денеска беше пуштена во употреба училишната  спортска сала, за која Владата преку Министерството за образование и наука одвои 24 милиони денари.  524 ученици од училиштето во Черкези, од денеска ќе можат да спортуваат и да следат настава по физичко образование во салата која  зафаќа површина од 650 метри квадратни и е опремена со современи спортски реквизити, наменети за фудбал, ракомет, одбојка, кошарка. На свеченото пуштање во употреба на салата присуствуваа министерот за образование Арбр Адеми, вицепремиерот и министер за  внатрешни работи, Оливер Спасовски вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, градоначалниците на Куманово и Липково, Максим Димитриевски и Еркан Арифи, претставници од училиштето, од советот на општината, граѓани.

-Чест и задоволство ми е што сум дел од оваа Влада каде што на најсериозен начин ги разгледуваме можностите за подобрување на условите во училиштата на целата територија на РСМ и навистина треба да го вратиме долгот кон Куманово и Липково, бидејќи пред оваа Влада досега немаше инвестирано во образованата инфраструктура, затоа започнавме спортски сали, ќе продолжиме со реконструирање на училиштата, бидејќи една и единствена цел е подобрување на квалитетот на националниот образоване систем-рече Арбр Адеми, министер за образование и наука

-Ако сакаме да имаме развој на државата, квалитетно образование кое преку образованите кадри ќе може да се гарантира иднината, развојот и просперитетот на државата. За да имаме здрави генерации треба да создадаме услови што е можно повеже нашите млади генерации да се бават со спорт, да вложуваме сите заедно во здрав живот. И од тој аспект Владата на Република Северна Македонија ги прави сите можни напори за реализација на вакви проекти-рече Оливер Спасовски, вицепремиер и министер за внатрешни работи

Спасовски потенцираше дека во минатото немало ниту еден денар вложено во Куманово, иако граѓаните ги плаќаат даноците и затоа е битно да се насочат дел од тие средства за инфраструктура, здравство, образование во Куманово.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи се обрати пред присутните и им го честиташе отворањето на салата.

Градоначалникот Максим Димитриевски се заблагодари на надлежните и ги повика претставниците на Владата да продолжат со инвестции во училишната инфраструктура во општината.

-Учеството во овој проект на општината можеби е скромен, но за нас е заначен бидејќи ние во Куманово ги подобруваме работните услови за квалитетно одвивање на наставата. Да создадаме услови за развој на здрави генерации- рече  Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

 

Директорот на училиштето, Хаким Јахиу, информираше дека вкупно за ова училиште ресорното министерство, последниве две години одвоило 30 милиони денари, за изградба на салата, за промената на кровната конструкција и наскоро ќе почне поставување на нова фасада на училиштето. Тој се заблагодари на Владата, МОН, на ЕУ,  локалната самоуправа, укажувајќи дека во изминатиот период биле сменети прозорци, внатрешното уредување, обновени ѕидови…

Училиштето е изградено во 1971 –та година, а доградба на уште еден дел е извршена во 1988 –та година.

Коментари

коментар(и)