Нов тендер за терминали за отпечатоци од прсти за изборите

Државната изборна комисија објави нов тендер за набавка на апарати за отпечаток од прст кои ќе треба да се користат за претстојните локални избор наесен. Во спецификацијата на огласот се наведува дека се бара интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите, а вредноста на набавката изнесува околу 12 милиони евра. Крајниот рок до кога треба да се достават понудите е 1 јули.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски изјави дека нема да има одлагање на локалните избори. Постапката за набавка на апаратите за отпечаток од прст почна во мај, но претходниот тендер беше поништен во петокот, откако од ДИК забележале грешки во спецификацијата.

Коментари

коментар(и)