Општината ќе соработува со младите од ЦИД

Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со Центарот за интеркултурен дијалог – ЦИД.

Целта на Меморандумот е да се воспостави соработка, комуникација и пракса на јакнење на младинското јадро, организирање на активности и проекти од интерес и значење за младите, развој на младинските политики и унапредувањето на статусот и положбата на младите во општината и во државата, информираше на Фејсбук, првиот човек на Куманово.

Овој документ ја одразува волјата и подготвеноста на двете страни за заедничка реализација на активности и делување во областите кои се од интерес за младите, младинската инфраструктура и унапредување на заедничката соработка.

Коментари

коментар(и)