НУ Музеј Куманово ќе реализира вкупно 25 проекти од годишната програма, за кои се добиени 2.650.000 илјади денари од Министерството за култура.
Со овие проекти предвидено е да се одвојат: милион и 810.000 денари за музејска дејност., 500.000 за ликовна дејност, 60.000 за тековно одржување на Кокино и 280.000 илјади денари за продолжување на санацијата на платото пред Меморијалниот центар АСНОМ.
– Генерално земено и годинава, како впрочем и претходните, сме задоволни од она што го понудивме и од она што ни е одобрено од Министерството за култура како годишна програма за 2021 година, изјави директорот на НУ Музеј Куманово, Богдан Таневски.