Објавен оглас и за изградба на третиот кружен тек во градот

Објавен е оглас за изградба на уште еден кружен тек помеѓу булеварот „Трета Македонска ударна бригада“ и „Гоце Делчев“. Заинтересираните компании  според објавата на јавни набавки, мора да поседуваат соодветни лиценци, механизација за изведување на градежни активности, сертификати, а понудите можат да се достават до 7-ми март.

Со вакви сообраќајни решенија надлежните од Општина Куманово се надеваат дека ќе се придонесе за намалување на соораќајниот метеж во градот. Ова ќе биде трет кружен тек. Во моментов се работи на изградба на вакво сообраќајно решение на локацијата кај Митев мост. Првиот кружен тек беше изграден пред две години на влезот во градот.

Коментари

коментар(и)