По тепачка, приведени четири лица

Четворица кумановци викендов биле приведени откако претходно физички се пресметувале на бензинска пумпа. Околу два часот, по полноќ полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(21 година), С.М.(36 години), Д.Л.(28 години) и С.Т.(25 години), сите од село Љубодраг, кумановско, затоа што на бензинска пумпа во близина на Железничката станица во Куманово го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Коментари

коментар(и)