Одбележан 11-ти ноември на Спомен Костурница

Со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница се одбележа 72 годишнина од ослободување на градот.  Пред споменикот на хероите од НОБ, цвеќе положија делегации од општината,  Армијата на Македонија, Министерството за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани. Пред присутните се обрати секретарот на Сојузот на борци, Благе Јакимовски кој зборуваше за значењето на Денот на градот и непокорливиот дух на кумановци. Тој нагласи градот под Козјак одиграл значајна улога со своето активно учество во народноослободителната и антифашистичка борба.

– Храброста и цврстата решеност да се земе оружје во рака и да се појде во вооружена борба против еден таков непријател фашистичкиот окупатор кој ја пороби и окупира скоро цела Европа е пример на самопожртвуваност, непокор и силна желба да се опстои на квалитетните вредности, достоинствениот живот во слобода во кои искрено се верувало и за истите се гинело-нагласи тој.

Првиот човек на градот,  истакна дека прославувајќи го 11-ти ноември, како и сите други значајни настани од богатата историја им се одава почит на жртвите.

-Прославата отпочнува со положување на цвеќиња и пригодни говори по повод ослободување 11-ти ноември денот на градот, во чест на загинатите борци за слобода на Македонија и ослободување на Куманово како што истакна секретарот на борците, Куманово е светлата точка во антифашистичката борба, тука беше првото востание 11-ти октомври, беше формирана државата, одржувањето на АСНОМ, Куманово е симбол на слобода, просперитет и демократија-нагласи градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

На одбележувањето покрај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, присустваа и делегации од збратимените градови на општина Куманово, меѓу кои од Кампина, Драч, Саранда, Бјелина, Никшиќ, Чукарица и Беране.

 

 

Коментари

коментар(и)