Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто во однос на одлуката од 17 јануари.
Од вечерва на полноќ,
моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по цена од 81,00 (денари/литар),
моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар),
дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар),
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар),
мазут М-1 НС 46,673 (денари/килограм).
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.