ОИК подготвена за избори

Општинската изборна комисија Куманово интензивно се подготвува за престојните избори во недела. Претседателот на ОИК Куманово, Звонимир Николовски, денеска информираше дека  очекуваат во текот на денот да пристигне доверливиот изборен материјал.

-Кутиите и недоверливиот гласачки материјал веќе се пристигнати, очекуваме да пристигне доверливиот материјал од Државната изборна комисија,  изјави Звонимир Николовски, претседател на ОИК Куманово

Во Куманово има 167 избирачки места и според податоците од изјаснувањето на референдумот повеќе од  92 .000 гласачи.

Во сабота , ден пред првиот изборен круг, ќе гласат 104 болни и немоќни лица, а ќе гласаат и осудените лица од затворот Кшање.

Коментари

коментар(и)