Околу 4 милиони денари за проектите на Музеј Куманово

3.965.000 денари предвидува министерството за култура за националната установа Музеј Куманово во рамките на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020-та година.

Според предлог програмата која што допрва ќе оди на усвојување на Управен одбор, со 1,35 милиони денари ќе се реконструира Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце, а за издавачка дејност се предвидени 200.000 денари, информира директорот на кумановскиот музеј, Богдан Таневски.

-За издавачка дејност за оваа година предвидени се два проекта, Музејски гласник број 12 и Монографија за Трајко Муфтински, наш прв академски сликар и зограф. Вкупна сума е одобрена 200.000 денари.

Од ликовна дејност за оваа година треба да реализираме 5 самостојни изложби, понатаму изложба на дела од ликовна колонија од минатата година што ја организиравме, изложба на Кумановски ликовни уметници 2020, изложба на Ѓорѓе Шијаковиќ, ретроспективна монографска изложба, Ликовна колонија 2020 , вкупно 10 проекти или одобрени 655.000 денари, изјави Богдан Таневски, директор на НУ Музеј Куманово 

За музејска дејност за заштита на нематеријално културно наследство има одобрено 25 проекти од областа на археологијата, етнологијта, историјата на уметност, а последниве години музејот работи и на проекти со интерактивни работилници со деца и ученици од предшколска возраст, од основното и средно образование.  За оваа област, министерството за култура планира вкупно 1,7 милиони денари.

Во рамките на заштита на недвижното културно наследство за уредување и тековно одржување на локалитетот Кокино се предвидени 60.000 денари.

– Оваа година на локалитетот Кокино исто така ќе работиме и тоа имаме од министерство за култура одобрено 60.000 денари, а во соработка со невладината организација ЛАГ АБЕР, тие конкурираа во министерство за земјоделство , одобрено им е за заштита односно поставување на ограда и еден видиковец на локалитетот. Наша обврска е да платиме ддв за таа завршена работа. Покрај тоа, од Амбасада на Франција во Македонија има средства за уредување односно поставување на информативни табли на локалитетот, одржување на веб страница и други активности кои што се поврзани со самиот локалитет, изјави Таневски.  

Минатогодишната програма на Музеј Куманово беше реализирана со 1.658.000 денари одобрени средства од министерството за култура за сите проекти.

Коментари

коментар(и)