Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи ги издвојуваме следните настани:
Вчера по 16 часот во СВР Куманово е пријавено дека 40- годишно лице, вработен во приватна фирма додека извршувал работни задачи на ул. „Козјачка“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и трудов инспектор.
Денеска во СВР Куманово било пријавено дека во продажен салон на правно лице во Куманово било влезено со употреба на сила и биле одземени мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера околу 15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во селата
Клечовце и Довезенце, кумановско, настанал пожар, при што била зафатена нива со жито. Од екипа на Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане по 19 часот пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово, при што било утврдено дека пожарот настанал на приватен имот, сопственост на С.А, М.В. и М.Ц.. а биле зафатени повеќе лозови садници, житна култура и нискостеблеста шума.
Исто така, вчера во 14 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Тоде Думба“ во Куманово настанал пожар во куќа сопственост на С.С.(52) од Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото.