Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие гаснеле опожарен отпад во Средорек и во кумановското село Градиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според дневниот билтен на РЦУК, пожарникарите од општина Старо Нагоричане вчера интервенирале на опожарени дрвја и сува трева, каде што од огнот бил опожарен и автомобил покрај реката во село Коинце. Интервеницијата траела околу два ипол часа, информираат надлежните.