На 30 јуни на денот на општина Чајетина ќе биде потпишат меморандум за соработка со општина Куманово, информира иницијаторот на збратимувањето на двете општини Марјан Стошевски.
„По свеченото збратимување на општините се надевам на продлабочување на соработката во областа на културата, образованието, туризмот, спортот“, истакна Стошевски.
-Во недела заминуваме во општина Чајетина. Во понеделник свечено ќе биде потпишан меморандум за соработка како предуслов на официјализирање на збратимувањето на двете општини Куманово и Чајетина. Ние сме единствениот град во Македонија што ќе потпише меморандум за збратимување помеѓу двете општини со кој ќе се продлабочат нашите односи и соработка во повеќе сегменти, туризмот, спортот, културата, обртазованието – истакна Стошевски.
-По потпишаниот меморандум, основното училиште „Карпош“ од село Умин Дол ќе соработува со училиштето „Димитрије Туцовиќ“ од општина Чајетина – рече Мирослав Димевски, директор на ООУ „Карпош“ с. Умин Дол