Општинскиот Совет во тензична атмосфера ја оддржа 53-та седница (ВИДЕО)

Не стивнуваат несогласувањата во Советот на Општина Куманово. Педесет и третата седница, освен што доцнеше четириесетина минути, до првата пауза не успеа да ги добие одговорите од прашањата упатени до директорката на градската библиотека. Токму годишниот и финансисикте извештаи за работата на оваа јавна установа беа првите три точки од дневниот ред. Опозицијата се интересираше зошто библиотеката за 2020 година има запишано само 3.283 лица, ако се земе во предвид дека само ученици на подрачјето на Куманово имаме околу 15.000. Директорката Христина Алексовска, според зборовите на претседателката Мургашанска, која евидентно ја бранеше, била премногу скромна и не се фалела со своите достигнувања како некои други раководители.

Коментари

коментар(и)