Осуммина новозаболени од ковид 19 во Куманово

Осуммина новозаболени  од ковид 19 се регистрирани изминатото деноноќие во Куманово, информира  Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.275 тестови, а регистрирани се 281 нов случај на КОВИД-19: Од нив, од Скопје се  169, Битола – 24, Кавадарци – 13, Прилеп – 11, Куманово и Охрид – по 8, Кичево – 6, Струмица и Гевгелија – по 5, Тетово – 4, Велес, Гостивар, Кочани, Ресен и Делчево – по 3, Неготино, Виница и Богданци – по 2, Штип, Струга, Радовиш, Берово, Валандово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (281), регистрирани се 48 реинфекции. Регистрирани сe и 285 оздравен пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, починале 3 лица: по едно починато лице од Битола (63г), Охрид (85г) и Крива Паланка (76г). Сите се починати во болнички услови. Кај сите се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.326, бројот на оздравени пациенти е 293.171, на починати е 9.191, а бројот на активни случаи изнесува 1.964.

 

 

Коментари

коментар(и)