Левица со реакција за дивите паркинзи во Куманово

Локалниот огранок на Левица Куманово реагира на дивите паркинзи во Куманово. Велат граѓаните се принудени да плаќаат за услуга, на места на кои нема никакви ознаки за јавно паркиралиште, без никаква легитимација, издавање на сметка или документ за извршена наплата.

„Веќе подолг период, на повеќе локации на територијата на Општина Куманово се појавија повеќе паркинг плацеви кои не се регулирани од Општината или надлежното претпријатие. За несоодветната регулација на овие паркиралишта плаќаат кумановци и воедно претставуваат директна штета на буџетите, како на Јавното претпријатие, така и на Општината. За жал, лошата пракса на која секојдневно сме сведоци и понатаму останува заради непостапувањето од надлежните институции-стои во соопштението од Левица.

Од оваа партија апелираат надлежните институции, што поскоро да го решат проблемот и да има одговорност.

Коментари

коментар(и)