Без вода во текот на денешниот ден во Куманово ќе бидат осум локации Поради дефекти на водоводната мрежа во текот на денот осум локации во Куманово ќе бидат без вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Според РЦУК станува збор за улиците: „Ѓорче Петров“ (сектор „Екстра Меин„), улиците „59“, „70“ и „208“ во населбата Карпош, улица „Тоде Думба“ бр. 102, м.в. Стари лозја, улицата „805“ во населбата Железничка станица и улицата „Јакуп Асипи“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
