Отворен шестиот меѓународен фолклорен фестивал во Куманово

Шестото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал во организација на КУД „Панче Пешев свечено беше отворено вчеравечер во НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Манифестацијата започна со дефиле на фолклорните уметници низ улиците на градот, а потоа продолжи со сценски настапи во Центарот за култура.

Пред публиката се претставија ансамбли од Македонија (КУД „Панче Пешев“), Србија (АДЗНМ „Гусле“), Романија (ФА „Соимусиани“), Полска (ФА „Мали Горзовиаци“) и Мексико (ФГ „Хочипилтзахуац“), кои изведоа автентични ора, песни и музички аранжмани, дел од нивната богата традиција и културно наследство.

Пред присутните во големата сала на националната установа се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

Фестивалот се одржува под покровителство на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.