Петковски: Спасовски да се заложи за криминалитетот во градот

Координаторот на советничката група на Коалицијата за подобра Македонија, Драган Петковски упати апел до министерот за внатрешни работи да обрне внимание на својот град, бидејќи во последните шест месеци криминалитетот во Општина Куманово е зголемен дури за 20 проценти.

-На денешната седница на Советот на Општина Куманово како прва точка се разгледа извештајот за работата на полициската станица од општа надлежност Куманово. Во овој извештај видовме еден фрапантен податок дека во последните шест месеци криминалитетот во Општина Куманово е зголемен дури за 20 проценти. Ова особено се однесува на делот економски криминал каде зголемување е  170 проценти и на делот недозволена трговија каде што зголемувањето е 75 проценти. Како советничка група на коалицијата За подобра Македонија го повикуваме ресорниот министер, да обрне малку повеќе внимание за својот роден град и да си ја врши својата работа како што треба за да неговите сограѓани бидат задоволни од работат на полициската станица и сигурноста на граѓаните во Куманово се зголеми а моментално не е така-посочи Петковски.

Коментари

коментар(и)