Спасовски: Да заокружиме „за“ за нашата иднина

Секој глас „за“ носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови, повисоки плати, нови работни места, влог во инфраструктурата, посочи на денешната прес-конференција членот на надзорниот одбор на СДСМ, Марјан Спасовски.

Тој истакна дека Македонија со влегување во Европската унија добива можности за развој, кој ќе придонесе државата да го фати текот со светот.

-Сите држави кои се членки на овие организации имаат нагорен раст на економијата. Со влегувањето во НАТО и ЕУ нашата држава станува сигурен партнер во кој останатите држави ќе сакаат да инвестираат и да вложуваат-нагласи тој.

Спасовски ги повика сите граѓани масовно да излезат на 30-ти септември и да гласаат „за“.

 

Коментари

коментар(и)