Петти граѓански марш во Куманово

„Не можеме да дозволиме некој да ни го менува знамето, химната. Странски платформи во странство, овде треба македонска платформа, а тоа се нејзините граѓани“  порача од синоќешниот протестен марш  Јордан Пачков . Тој ги повика граѓаните  што помасовно да се приклучат на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија “ .

– Повторно ни се случи народ. Тој македонски народ ќе застане на браникот на државата. Македонија останува зашто верувам во македонскиот народ, а сите оние кои искрено ја сакаат нека ни се придружат. Унитарноста се зачувува, нагласи, кога се нема да се воведе двојазичност, кога никој нема да го менува Уставот, изјави Јордан  Пачков, ОК ВМРО ДПМНЕ

Петтиот граѓански марш  во организација на иницијативата „За заедничка Македонија“ против промена на Уставот на Македонија, заштита на името и унитарноста на државата заврши мирно. Синоќешиот протест започна од пазарчето на булеварот Октомвриска револуција, продолжи на улицата Моша Пијаде до центарот за култура Трајко Прокопиев .

Граѓанскиот марш продолжува и наредните денови, информираат организаторите.

Коментари

коментар(и)